ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Филолошкиот факултет поседува и своја издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови, како и зборници на трудови од конференции, преводи и пригодни изданија по повод значајни јубилеи и годишнини.

Во периодот до 1974 година, кога Факултетот е во состав на Филозофскиот факултет, издадени се 42 тома на Годишниот зборник во кои се објавени бројни и забележливи трудови од областа на филологијата. Годишниот зборник на Филолошкиот факултет станува основно академско гласило на нашата институција по конституирањето на Филолошкиот факултет како одделна единка, донесувајќи секоја година низа значајни прилози во секциите посветени на јазикот, дидактиката, книжевноста, културата, преведувањето, толкувањето и сл.

Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици во периодот од 1950 – 1953 година го основа и го издава месечниот билтен Македонски јазик, кој од 1954 година прераснува во списание што понатаму го издава Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”. Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности почнувајќи од 1976 година го издава списанието Славистички студии. Оваа катедра го издава и списанието Folia Philologica Macedono-Polonica.

Од 2018 година Филолошкиот факултет го издава и меѓународното електронско научно списание од областа на филолошките науки, Современа филологија/ Journal of Contemporary Philology, кое изглегува двапати годишно. Во списанието, кое е веќе индексирано во неколку бази за хуманистика и општествени науки, соработуваат членови на Факултетот, како и реномирани истражувачи на јазикот, литературата и културата од земјата и од странство.

Во целина земено, Филолошкиот факултет веќе има низа изданија со кои зазема значајно место во издавањето научни трудови во РМ и во светот, а има добра перспектива таквата дејност уште повеќе да се развива и на научен и на практичен план.

УЧЕБНИЦИ И ПРИРАЧНИЦИ

Евалуацијата во наставата по француски и по италијански јазик | д-р Радица Никодиновска и д-р Мира Трајкова, учебник, 1 издание (УКИМ, Одлука бр. 11-930/4-1 од 6.11.2017 година и бр. 11-930/1 од 6.12.2017 година, Договор бр. 11-591/1-5 од 13.8.2018 година)

Вовед во граматиката на италијанскиот јазик | д-р Руска Ивановска-Наскова, учебник, 1 издание (УКИМ, Одлука бр. 11-930/4-1 од 6.11.2017 година и бр. 11-930/1 од 6.12.2017 година, Договор бр. 11-591/1-6 од 13.8.2018 година)

Италијанизмите во македонскиот јазик | А. Саржоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конeски“ – Скопје, 2009, 124 стр.

СПИСАНИЈА

Славистички студии бр. 19

Почитувани,
Со задоволство ве известуваме дека излезе од печат новото издание на списанието „Славистички студии“ број 19, посветено на проф. д-р Максим Каранфиловски по повод 70-годишнината од раѓањето. Изданието има 554 страници, 29 текстови од областа на лингвистиката, литературата, преводот и културата, како и девет прилози. Во овој број на Списанието покрај македонските учесници, со свои прилози има учесници и од странство, како Русија, Полска, Чешка, Словенија, Украина, Азербејџан, Австрија, Австралија, Јапонија и Кореја.

Современа филологија – Journal of Contemporary Philology

Почитувани колеги,
Со големо задоволство ве известуваме дека новиот број на меѓународното електронско списание на Филолошкиот факултет Современа филологија (Journal of Contemporary Philology) е публикуван и достапен нa https://journals.ukim.mk/index.php/jcp

Во подготовка е следниот број кој ќе излезе во јуни 2020.

Во меѓувреме тече рокот за испраќање статии за декемврискиот број, 2020 година. Крајниот рок за испраќање на статиите е 1.9.2020 година. Трудот треба да е напишан/технички обработен според инструкциите во техничкото упатство за автори (во прилог). Трудот се испраќа на sovremena.filologija@flf.ukim.edu.mk

Ве молиме да ја споделите оваа информација до сите колеги кои се заинтересирани да ги публикуваат своите научни истражувања во Современа филологија. Исто така, доколку имате профил на некој социјален медиум, ве молиме да го споделите линкот до пошироката јавност.

Срдечен поздрав,
Редакцијата на Современа филологија

Современа филологија: техничко упатство за авторите

Славистички студии бр. 18

Во јуни 2018 година излезе од печат новиот број на сп. Славистички студии. Овој, осумнаесетти, број е посветен на проф. д-р Кита Бицевска по повод одбележувањето на 70-годишнината од нејзиното раѓање. Изданието, покрај биографијата и библиографијата на проф. д-р Кита Бицевска, содржи 21 труд во рубриката Лингвистика, 7 во рубриката Литература и култура, а во последната рубрика Прилози, прикази, хроники се поместени 3 прилози.

Славистички студии бр. 17

Излезе од печат седумнаесетииот број на Славистички студии– списание на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Овој број е посветен на проф. д-р Донка Роус по повод нејзиниот 75 роденден. Проф. д-р Донка Роус е истакната бохемистка и преведувачка од чешки јазик која сè до пензионирањето е член на Катедрата за славистика и ги води предметите Граматика на чешкиот јазик и Чешка книжевност.Во ова издание, покрај биографијата и библиографијата на проф. д-р Донка Роус, во рубриката Лингвистика има 12 трудови, во рубриката Литература и култура има 10 трудови и во последната рубрика Прилози, прикази, хроники се поместени 9 прилози.

Списанието Славистички студии има меѓународен редакциски одбор.

ЗБОРНИЦИ

Проект – Книжевници, книжевни преведувачи и проучувачи на јазикот и книжевноста од Филолошкиот факултет “Блаже Конески”

КНИЖЕВНИЦИ – наставници од Филолошкиот факултет, т. 1, Скопје, 2019.

Десетти научен собир на млади македонисти, Скопје 2020.

Конференција во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, 10 –11 мај 2018 г.

Geocritica e geopoetica nella letteratura italiana del Novecento, Skopje, 2018.

Geocritica e geopoetica nella letteratura italiana del Novecento (spazi,
trasformazioni, linguaggi), Skopje 2018, a cura di Anastasija Gjurčinova e Irina Talevska
Геокритика и геопоетика во италијанската книжевност на 20 век, Скопје 2018, приредиле Анастасија Ѓурчинова и Ирина Талевска

Folia Philologica Macedono-Polonica 9-10

Излезе од печат новиот број на списанието Folia Philologica Macedono-Polonica 9-10, Зборник од Десеттата македонско-полска научна конференција, одржана на 15 и 16 јуни 2017 г. во рамките на Меѓународниот славистички собир.

Славофраз 2017

Зборник од Меѓународната фразеолошка конференција СЛАВОФРАЗ 2017 на тема „Имињата и фразеологијата / Имена и фразеология“

Parallelismi linguistici, letterari e culturali (a cura di Radica Nikodinovska)

Atti del Convegno internazionale PARALLELISMI LINGUISTICI, LETTERARI E CULTURALI – 55 ANNI DI STUDI ITALIANI – A cura di Radica Nikodinovska, Università “Ss. Cirillo e Metodio“ di Skopje, Facoltà di Filologia “Blaže Koneski“, Skopje 2015.

Меѓународен научен собир ЈАЗИЧНИ, КНИЖЕВНИ И КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ – 55 ГОДИНИ ИТАЛИЈАНСКИ СТУДИИ – Радица Никодиновска, одговорен уредник, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје 2015.

Assessment in foreign language and literature teaching / Евалуација во наставата по странски јазици и книжевности

International Conference Proceedings ASSESSMENT IN FOREIGN LANGUAGE & LITERATURE TEACHING, 12th September 2016, Skopje, Edited by Radica Nikodinovska, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje, 2017.

Меѓународен научен собир ЕВАЛУАЦИЈАТА ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И КНИЖЕВНОСТИ, 12 Септември 2016, Скопје, Радица Никодиновска, одговорен уредник, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Скопје, 2017.

Lingua, letteratura e cultura italiana (ed. Radica Nikodinovska)

Convegno internazionale LINGUA, LETTERATURA E CULTURA ITALIANA – 50 ANNI DI STUDI ITALIANI – A cura di Radica Nikodinovska, Università “Ss. Cirillo e Metodio” di Skopje, Facoltà di Filologia “Blaže Koneski”, Skopje, 2011.

Мeѓународен научен собир ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА – 50 ГОДИНИ ИТАЛИЈАНСКИ СТУДИИ – Радица Никодиновска, одговорен уредник, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2011.