ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ
за катедрата

Катедрата за германски јазик и книжевност, која ја започна својата дејност во 1958 година, се состои од седум члена: проф. д-р Емилија Бојковска, проф. д-р Зорица Николовска, проф. д-р Силвана Симоска, проф. д-р Емина Авдиќ, доц. д-р Бисера Станкова, доц. д-р Маријана Ѓорѓиева и лектор м-р Сашка Грујовска-Миланова, кои ја покриваат целата настава врзана за германскиот јазик на првиот циклус студии, на вториот циклус студии и на третиот циклус студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Библиотекар е Зоран Симоски. Според бројот на студентите, Катедрата го зазема второто место на Факултетот. Активно соработува со Германската служба за академска размена (DAAD), со Гете-институтот во Скопје, со амбасадите на германскојазичните земји итн.

Значајни достигнувања на Катедрата, меѓу другото, се издавањето на првото германистички профилирано списание Germano-Macedonica (од 2001) и Големиот македонско-германски и германско-македонски речник (2006).

Голем придонес во развојот на Катедрата дадоа проф. д-р Душан Томовски (in memoriam) и проф. м-р Димитрија Гацов (in memoriam), како и  пензионираните наставници проф. д-р Ранка Грчева, проф. д-р Петер Рау, проф. д-р Павел Борисевич, Олга Воиновска, Николина Кереместева, Клаудија Јорданова, Марина Нишлиска  и др.

СТУДИСКИ ГРУПИ

Насоки

  • Германски јазик и книжевност-наставна насока

  • Германски јазик и книжевност- преведувачко-толкувачка насока

Студиски и предметни програми

Студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Студиски планови акредитирани во 2010 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

НАСТАВНИЦИ

д-р Емилија Бојковска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Зорица Николовска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Силвана Симоска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Емина Авдиќ

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Бисера Станкова

ДОЦЕНТ

д-р Маријана Ѓорѓиева

ДОЦЕНТ

д-р Мајке Грезер

ДААД ЛЕКТОР

Марајке Корте

ДААД ЈАЗИЧЕН АСИСТЕНТ

д-р Сашка Грујовска-Миланова

ЛЕКТОР

БИБЛИОТЕКА

Библиотекар:

Зоран Симоски

Тел.: (02) 3240-419, локал 419

e-mail: zsimoski@flf.ukim.edu.mk

ЗА СТУДЕНТИТЕ