италијански јазик и книжевност
за катедрата

Катедра за италијански јазик и книжевност

Италијанскиот јазик се изучува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од 1959 год., најнапред во рамки на Катедрата за романски јазици и книжевности, а од 2010 год. на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Катедрата нуди студиски програми за додипломски, постипломски и докторски студии. На Катедрата досега има преку 800 дипломирани преведувачи/толкувачи и наставници по италијански јазик.

Покрај наставната дејност, Катедрата активно учествува во научно-истражувачката дејност на Факултетот преку организирање на научни собири и семинари, објавување монографии, учество во меѓународни и национални проекти и организирање на предавања на еминентни визитинг професори. Катедрата организира, исто така, активности со студентитите (превдувачки работилници, театарски претстави и сл.). Катедрата активно придонесува за ширење на италијанскиот јазик и култура во РМ и соработува со Италијанската амбасада во Скопје,  Институтот Данте Алигиери во Скопје и голем број на странски универзитети.  На Катедрата работат осум наставници, два надворешни соработника и еден  лектор од Италија.

СТУДИСКИ ГРУПИ

Насоки

  • Италијански јазик и книжевност – наставна насока

  • Италијански јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока

Студиски и предметни програми

Студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Наставни планови и програми акредитирани во 2010 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

НАСТАВНИЦИ

д-р Александра Саржоска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Радица Никодиновска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Анастасија Ѓурчинова

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Лучиана Гуидо-Шремпф

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР, Раководител на Катедрата

д-р Руска Ивановска-Наскова

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

д-р Ирина Талевска

ДОЦЕНТ

д-р Љиљана Узуновиќ

ДОЦЕНТ

xValentina-e1523961302421.png.pagespeed.ic.ylQ4HTgpQ2

м-р Валентина Милошевиќ-Симоновска

ВИШ ЛЕКТОР

м-р Бранка Гривчевска

ЛЕКТОР

д-р Марко Пешетели

СТРАНСКИ ЛЕКТОР