СЛАВИСТИКА
за катедрата

Катедрата за славистика е единственото место во Македонија каде рускиот, чешкиот и полскиот јазик се изучуваат како главен предмет на прв, на втор и на трет циклус студии.
Своите почетоци оваа катедра ги бележи уште во учебната 1946/47 година кога на новооформениот Филозофски факултет започнува да работи лекторат по руски јазик од кој подоцна се формира Катедрата за славистика.
Од учебната 1947/48 година започнува да се изучува и чешкиот јазик и книжевност, а од 1959/60 година и полскиот јазик и книжевност.
Во зависност од условите Катедрата повремено нуди можност и за изучување на белоруски и украински јазик како изборен предмет.

Почнувајќи скромно со малуброен кадар, Катедрата до 1976 година прераснува во една од најбројните катедри на Факултетот со доста развиена наставна, стручна и научна дејност. Таквата тенденција продолжува и во наредните децении благодарение на ентузијазмот и професионалната посветеност на генерации слависти кои целиот свој академски потенцијал го вложуваат во својата матична единица. Овде задолжително треба да ги споменеме имињата на Маргарита Неверова, Тамара Гнуни, Фран Петре, Цветанка Органџиева, Лилјана Мојсова. Серафима Полјанец, Блаже Конески, Милан Ѓурчинов, Борис Марков, Ефтим Кафеџиски, Димитар Бошков, Нина Чундева, Марија Сидоровска-Најческа, Спиро Наќев, Маргарита Пашоска, Тронда Пејовиќ, Јања Ортакова, Таисија Попспирова, Максим Каранфиловски, Кита Бицевска, Димитрија Ристески, Ружица Јанчулева, Красимира Илиевска, Зузана Тополињска, Ташко Белчев, Вера Јанева, Донка Роус. Кон овој список треба да се додадат и имињата на повеќе од 50 странски лектори кои биле вклучени во наставата на Катедрата.
Исклучителната меѓународна соработка е сегмент на кој е посветено големо внимание во изминатите децении и тоа резултира со создавање и одржување тесни врски со сродните катедри во Москва, Перм, Санкт-Петербург, Воронеж, Самара, Саратов, Краков, Варшава, Катовице, Прага, Брно и др. Во рамки на потпишаните договори за соработка со партнерските институции реализирани се бројни билатерални конференции, студиски престои, учества на летни школи и др.
Во текот на овие 7 децении Катедрата разви плодна издавачка дејност која опфаќа како учебници и учебни помагала, речници, така и преводи на стручна и уметничка литература, а од 1976 годин го издава и списанието за русистика, полонистика и бохемистика „Славистики студии“.
Членовите и студентите од Катедрата се активно вклучени во повеќе научноистражувачки проекти. На пример, во рамките на проектот „Паралелни фразеолошки корпуси“ во соработка со колегите од ФИНКИ се работи на создавање електронска база на фраземи во македонскиот, во рускиот, во полскиот и во чешкиот јазик.
Во текот на своето седумдецениско постоење Катедрата за славистика и нејзините членови се наградувани со разни награди, ордени и признанија како во земјата, така и во странство.

СТУДИСКИ ГРУПИ

Насоки

  • Руски јазик и книжевност – наставна насока
  • Руски јазик и книжевност – филолошка насока со Б модул
  • Руски јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока
  • Руски јазик и книжевност – студии под Б

  • Полски јазик и книжевност – филолошка насока со Б модул
  • Полски јазик и книжевност – студии под Б
  • Полски јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока

  • Чешки јазик и книжевност – филолошка насока со Б модул
  • Чешки јазик и книжевност – студии под Б
  • Чешки јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока

  • Студиска програма двојазични славистички студии
  • Студиски планови и програми

Студиски и предметни програми

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

НАСТАВНИЦИ

д-р Милица Миркуловска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Лидија Танушевска

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

д-р Јасминка Делова-Силјанова

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

-Мирчевска-e1522924216395

д-р Биљана Мирчевска-Бошева

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

м-р Екатерина Терзијоска

ВИШ ЛЕКТОР

-Тасевска-e1522924358180

Роза Тасевска

ЛЕКТОР

м-р Ирен Алчевска

ЛЕКТОР

БИБЛИОТЕКА

Библиотекар:

Климент Ристески

Тел.: (02) 3240-423, локал 423

e-mail: kliment_1986@hotmail.com

ЗА СТУДЕНТИТЕ