Трет циклус студии - докторски студии
Контакт: doktorski@flf.ukim.edu.mk
ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР во уч. 2020/2021 г.
Запишувањето на семестарот за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 8.2.2021 до 11.2.2021 г., со следниве документи:
– Индекс,
– Образец за упис на летен семестар
– Образец за заверка на семестар
– Уплата на рата (за студентите со трошоци)
Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Студентите кои не доставиле извештај (за уч. 2018/2019, 2019/2020 г.) потребно е заедно со документите за запишување да достават:
– За запишување во III семестар – извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 14 ЕКТС од II семестар.
– За запишување во IV семестар да има претходно доставено извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 28 ЕКТС од III семестар.
– За запишување во V семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 25 ЕКТС од IV семестар.
– За запишување во VI семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 28 ЕКТС од V семестар.
Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).
Прелиминарни листи на кандидати од Конкурсот за трет циклус студии во вториот уписен рок во Школата за докторски студии во акад. 2020/2021 г.
Прелиминарни листи на кандидати од Конкурсот за трет циклус студии во Школата за докторски студии во акад. 2020/2021 г.
Соопштение за студентите од трет циклус студии (докторски студии)
I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕПТЕМВРИСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2020
Пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 9.9.2020 до 11.9.2020 г., со следниве документи:
– Индекс
– Пријава за испит
II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО СЕПТЕМВРИСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2020
Полагањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на трет циклус ќе се реализира во периодот од 14.9.2020 до 25.9.2020 г.
III. ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР – уч. 2020/2021 г.
Запишување на семестарот за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 14.9.2020 до 25.9.2020 г., со следниве документи:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар
– Образец за заверка на семестар
– Уплата на рата (за студентите со трошоци)
Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4
Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на вирусот корона (Ковид-19/Covid-19), со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).
Контакт: doktorski@flf.ukim.edu.mk
Прелиминарни листи на кандидати од вториот уписен рок од Конкурсот за трет циклус студии во Школата за докторски студии во акад. 2019/2020 г.
- Кликнете на документите за да ги преземете во PDF верзија.
Прелиминарни листи на кандидати од Конкурсот за трет циклус студии во Школата за докторски студии во акад. 2019/2020 г.
Конкурси и студиски програми

Докторски дисертации
м-р Бојан Петревски
„Неинтегрираните конструкции во македонскиот јазик (синтаксички, семантички и информацискоструктурни аспекти)“
м-р Бобан Карапејовски
„Експонентите на категоријата 'определеност' во македонскиот јазик“
м-р Ана Петреска
„Расказот и раскажувањето како услов за правилен говор и креативно изразување“
м-р Сезен Сејфула
„Гледните точки на Истокот и на Западот: фикцијата и историјата во делата на Искендер Пала и на Умберто Еко“
м-р Марија Стевковска
„Проектното учење во наставата по англиски јазик како странски во високото образование во Република Северна Македонија“
м-р Миме Тасеска-Китановска
„Правописот на македонскиот јазик во наставната практика“.
м-р Назли Туфекчи
„Улогата на метакогнитивните стратегии во развивање на вештината читање при изучување на англискиот јазик како странски во високото образование во Косово“.
м-р Сејхан Муртезан Ибрахими
„Трансформација на идентитетот и егзилот во делата на Луан Старова“