You are currently viewing Ден за кариерен развој (7 јуни 2022 г.)

Ден за кариерен развој (7 јуни 2022 г.)

Центарот за кариера на УКИМ во соработка со Тривити организира настан „Ден за кариерен развој“ кој ќе се одржи на 7 јуни 2022 г. од 10.00 – 18.00 ч. на платото на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Настанот се организира со цел да ги доближиме компаниите до студентите, да ги мотивираме и да го поттикнеме нивниот понатамошен кариерен развој. Освен компаниите, програмата на настанот ќе биде надополнета и со едукативни сесии и панел дискусии кои ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители, а фокусот на истите ќе бидат теми кои имаат за цел да го олеснат процесот на преминување на студентите од академска во бизнис средина.