You are currently viewing Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс)

Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс)

Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржува онлајн на платформата Зум. Таа ќе започне на 18.10.2021 г. и ќе трае до 24.12.2021 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 13.10.2021 година.
Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:
• копија од извод од матичната книга на родени,
• копија од диплома за завршено средно образование и
• копија од патна исправа – пасош
треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За повеќе информации, обратете се на:
evdokijailijevska@ukim.edu.mk (м-р Евдокија Илијевска, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ –Скопје)
s.sazdov@yahoo.com (проф. д-р Симон Саздов, раководител на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ – Скопје)