Програми за доживотно учење

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во зимскиот семестар на академската 2026/27 година започнува со спроведување на програми за доживотно учење на кои ги повикуваме да се мотивиираат и пријават сите заинтересирани.

 

Се организира и специјален онлајн курс за лекторирање и јазична редакција, наменет како подготовка на кандидатите што имаат  намера да полагаат испит за добивање лиценца за лектор, но и како освежување на  знаењата од областа современ македонски стандарден јазик за сите заинтересирани  кандидати. 

 

Термините за курсот ќе бидат договорени во согласност со инструкторот по јазик. Истите ќе бидат закажани во две средби во текот на работната недела (понеделник – петок) во временската рамка меѓу 18:00 и 21:00 часот.

 

Можете да се пријавите до 9 ноември на линкот (https://forms.gle/LDK2zGjRvrwzZD3e8) за следните програми:

 

– Полски јазик:

 

48 часа

Цена на курсот: 20 000

– Чешки јазик:

 

48 часа

Цена на курсот: 20 000

– Турски јазик:

 

60 до 80 наставни часа, во зависност од динамиката 

Поделени на два дела: А1 (30-40 часа) + А2 (30-40 часа)

Цена на курсот: 25 000

 

– Унгарски јазик: 

 

60 до 80 наставни часа, во зависност од динамиката 

Поделени на два дела: А1 (30-40 часа) + А2 (30-40 часа)

Цена на курсот: 25 000

 

– Специјален курс за лекторирање и јазична редакција:

 

48 часа

Цена на курсот: 20 000