You are currently viewing Втор циклус студии – запишување летен семестар од акад. 2020/2021 г. и од акад. 2019/2020 г.

Втор циклус студии – запишување летен семестар од акад. 2020/2021 г. и од акад. 2019/2020 г.

I. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НА СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2020/2021 г.

II. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НА СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2019/2020 г.

Запишувањето на семестарот за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 8.2.2021 до 11.2.2021 г., со следниве документи:

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2019/2020 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар за акад. 2020/2021 г.
– Образец за заверка на семестарот

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2020/2021 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар
– Уплата на рата

Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за зимскиот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески”-Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).