You are currently viewing Трет циклус студии – запишување летен семестар во уч. 2020/2021 г.

Трет циклус студии – запишување летен семестар во уч. 2020/2021 г.

ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР во уч. 2020/2021 г.

Запишувањето на семестарот за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 8.2.2021 до 11.2.2021 г., со следниве документи:
– Индекс,
– Образец за упис на летен семестар
– Образец за заверка на семестар
– Уплата на рата (за студентите со трошоци)

Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:

Студентите кои не доставиле извештај (за уч. 2018/2019, 2019/2020 г.) потребно е заедно со документите за запишување да достават:
– За запишување во III семестар – извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 14 ЕКТС од II семестар.
– За запишување во IV семестар да има претходно доставено извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 28 ЕКТС од III семестар.
– За запишување во V семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 25 ЕКТС од IV семестар.
– За запишување во VI семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 28 ЕКТС од V семестар.

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).