Почитувани колеги,
Ве известуваме дека во рамките на CEEPUS мрежа Slavic Philology and Its Cultural Contexts се нудат 25 стипендии за учество на Летната школа по хрватски јазик и култура Croaticum, која ќе се одржи од 23.6.2026 до 10.7.2026 година.
Програмата е наменета за студенти по хрватски јазик, студенти по други словенски јазици, како и за други заинтересирани студенти (претходно познавање на хрватскиот јазик не е задолжително).
Главни карактеристики на програмата:
Времетраење: 3 недели (75 наставни часа)
Кредити: студентите добиваат 4 ЕКТС кредити
Стипендијата вклучува:
– целосно ослободување од школарина (стандардната цена за студенти без стипендија изнесува 600 €)
– финансиска поддршка од 260 € (или 300 € за докторанти)
– бесплатно сместување во студентски дом.
Патните трошоци ги сносат учесниците на школата.
Краен рок за пријавување: 20 април 2026 година.
Пријавувањето се врши на страницата www.ceepus.info. При пополнувањето на апликацијата изберете ја мрежата Slavic Philology and Its Cultural Contexts, а под тип на мобилност изберете Short time excursion. Доколку имате прашања, може да се обратите кај координаторот на адресата biljаna.mirchevska@flf.ukim.



