Во организација на Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на 12.11.2026 г., се одржа презентација на работата на компанијата ТаскФорс. Нашите студенти се запознаа со можностите за работа и кариерен напредок што ги нуди компанијата за говорители на различни странски јазици (првенствено англиски, француски и шпански). Присутните имаа можност да добијат корисни совети за изработка на CV и за успешно претставување за време на интервју за работа.



