„Апликацијата Noticing чијшто ко-автор е Елена Ончевска Агер е добитник на престижното признание на Британскиот совет ELTons, во категоријата Иновативна употрeба на технологијата. Noticing користи ВИ за продлабочување на комплексните процеси на рефлексија, планирање и истражување во наставата, на тој начин што симулира разговор со ментор. Noticing не генерира готови решенија, туку им помага на наставниците самите да дојдат до сопствени, осмислени решенија. Апликацијата веќе втора академска година се користи во контекст на образување идни наставници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и за профилирање училишни ментори.“