I. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите на втор циклус на студии ќе се врши во периодот од 10.1.2022 до 14.1.2022 г., со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар;
– Пријава за испит.
– Уплата на рата од XXX денари на сметката на Филолошкиот факултет.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

ИСПИТНА СЕСИЈА од 17.1.2022 до 12.2.2022 г.

Пред да ги достави обрасците за пријавување на испитите студентот е должен истите да ги пријави iknow.ukim.mk.

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжително носење заштитна маска.