Меѓународниот ден на студентите

Како Факултетско студентско собрание би сакале да ве поканиме на настан по повод Меѓународниот ден на студентите...

 

Почитувани,

 
Како Факултетско студентско собрание би сакале да ве поканиме на настан по повод Меѓународниот ден на студентите. Заедно со Универзитетското студентско собрание и останатите факултетски собранија направивме напори да се одбележи овој ден кој е значаен за студентите.
 
Официјалната покана ви ја доставуваме подолу. Настанот ќе започне во 18 часот во Студенткиот културен центар (Кузман палата). Останатите детали можете да ги најдете во самата покана. 
 
Срдечен поздрав, 
ФСС на ФлФ. 

Одбележување на меѓународниот ден на студентите 

 

Локација: Студентски Културен Центар (Палата Кузман) Митрополит Теодосиј Гологанов 36, Скопје 

 

Датум 16.11.2023 

Почеток 18:00 

 

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот Св. Кирил и Методијво Скопје, ве поканува на настанот Одбележување на меѓународниот ден на студентите кој ќе се одржи во Студентски Културен Центар при УКИМ со почеток во 18:00

Настанот е предвиден да започне со поздравни обраќања на Претседателот на Универзитетското Студентско Собрание, Александар Николовски, Ректорката на УКИМ, проф. др Биљана Ангелова и досегашната в.д. претседателка на УСС, Савче Ѓошева

На настанот ќе бидат присутни студенти од сите Факултети на Универзитетот, кои низ просториите на Културниот центар, на штандови ќе претстават дел од стекнатите 

вештини и знаења во процесот на студирање, се со цел поголемо вмрежување на студентите на сите факултети, спознавање на нови знаења и проширување на 

хоризонтите

Присутни на настанот ќе бидат и претставници од Клубот на млади пратеници

претставници од Владата задолжени за водење на младинските политики, Министеството за образование и наука, Националниот младински совет, Сојузот на средношколци, претставници од останатите Универзитетски собранија и невладините организации кои ја поддржуваат работата на УСС УКИМ

Ве очекуваме заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на студентите