Драги наши филолози, драги студенти, 
 
На наше огромно задоволство, Факултетското студентско собрание на ФЛФ заедно со Факултетското студентско собрание на ФЛУ и Факултетското студентско собрание на ФМУ, Ве поканува на настан „Ние и Конески – Мултимедијално поетско читање“ каде што заедно и симболично ќе го прославиме нашиот патронен празник, роденденот на Блаже Конески. 
 
Официјалната покана и агендата за настанот Ви ја испраќаме подолу.
 Настанот ќе се одржи на 19. декември (вторник), со почеток од 14 часот во Аулата на Филолошкиот факултет. 
Воедно ова е и последниот поголем настан на сегашниот состав на ФСС и би сакале сплотено да го проследиме и уживаме.
 
Ве очекуваме, 
ФСС на ФЛФ