Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржува онлајн на платформата Зум. Таа ќе започне на 18.10.2021 г. и ќе трае до 24.12.2021 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 13.10.2021 година.
Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:
• копија од извод од матичната книга на родени,
• копија од диплома за завршено средно образование и
• копија од патна исправа – пасош
треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За повеќе информации, обратете се на:
evdokijailijevska@ukim.edu.mk (м-р Евдокија Илијевска, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ –Скопје)
s.sazdov@yahoo.com (проф. д-р Симон Саздов, раководител на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ – Скопје)