Почитувани, 
 
Ве покануваме на Книжевна вечер со акад. Влада Урошевиќ, годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, која ќе се одржи во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” на 15.11.2023 година (среда), со почеток во 18 ч. Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе презентираат препеви на неколку странски јазици.
 
Деканат на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески” – Скопје