Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје

во соработка со

Катедрата за романски јазици и книжевности при

Филолошиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје,

Францускиот институт во Скопје,

и

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

има чест да ве покани на отворањето на изложбата

МОЛИВЕРЗУМ/ MOLIVERS

на 17 октомври 2022 г., во 19.00 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Почитувани,

Задоволство ни е да ве поканиме на нашата изложба, која ќе се одржи на 17 октомври 2022 година во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје.

Во рамките на проектот МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS и под мотото „Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство“, ќе бидат презентирани дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека, во соработка со студентите од Катедрата на романски јазици и книжевности (група за француски јазик и книжевност) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Оваа изложба е остварување на првата фаза од еден амбициозен и обемен проект чијшто добитник и носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, по објавениот интерен конкурс за распределба на средства за културни, спортски активности и други манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, за 2022 г.

Втората фаза вклучува наградно патување на студентите и нивна изложба/инсталација во Париз. Третата фаза ќе биде презентација и декорирање на излогот на Францускиот институт во Скопје.

Под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова, нашата инспирација беше јубилејот – 400 години од раѓањето на големиот францски писател Молиер што сакавме да го одбележиме на оригинален начин. Читајќи ги Тартиф, Мизантроп или Дон Жуан, согледавме дека универзумот на Молиер е актуелен и денес во нашиот универзум/метаверзум. Тоа нè охрабри да замислиме како би изгледале неговите ликови денес, со користење на модерната технологија.

Во рамките на настанот, ќе бидат изложени и две витрини со избор од творештвото на Молиер, од фондот на НУБ.