ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕСИЈАТА ЈАНУАРИ-ФЕВРУАРИ 2021 (pdf)

ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕСИЈАТА ЈАНУАРИ-ФЕВРУАРИ 2021

Испитна сесија
Прва декада: 18.1. – 26.1.2021
Втора декада: 27.1. – 5.2.2021

24.12.2020 – 17.01.2021 до 23:59 – електронско пријавување испити на iknow.ukim.mk
Од 18.1.2021 – казнен рок за пријавување*

Право на пријавување и полагање испити во јануарската испитна сесија имаат само студентите кои последно го имаат запишано зимскиот семестар за учебната 2020/2021 година.
Студент што полагал испит без последно запишан зимски семестар за учебната 2020/2021 година подлежи на дисциплинска одоговорност и исптитот ќе му биде поништен во дисциплинска постапка.

Студентите што нема да пријават испит во предвидениот рок немаат право на учество во испитната сесија, освен со посебно овластување од студентската служба.

* Во казнениот рок пријавувањето на испитите чини 400 денари по пријава, на ПП50 уплатница и истите ги приложувате во студентската служба
За протоколот за доставување на пријавите, индексот и за внесување на оценките ќе ве известиме дополнително.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА СЛУЖБАТА ВО ПЕРИОДОТ НА ИСПИТНАТА СЕСИЈА Е: 11:00 – 15:00 часот.
ВО СЛУЧАЈ НА ПРОБЛЕМИ ПРИ ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ПИШЕТЕ НА: ekts.sluzba@gmail.com

ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД ПРИЈАВУВАЊЕТО ДА ГИ РЕГУЛИРАТЕ ФИНАНСИСКИТЕ ОБВРСКИ КОН ФАКУЛТЕТОТ
Се известуваат студентите дека е строго забрането да се вршат корекции на пријавите за испит (корекции со коректор, пенкало кое се брише и сл.) како и да се користат пријави од претходните испитни сесии. Во случај да се констатира ваква неправилност студентот подлежи на дисциплинска одговорност.

ВАЖНО: Студентите запишани во академската 2013/2014 година должни се да ги завршат своите обврски согласно студиската програма до 30.9.2021 г.