Драги какосимист(к)и,

 

Пред да Ви го најавиме повикот за апстракти за десеттата студентска филолошка конференција ,,Како си ми?” (25 октомври) со задоволство Ве известуваме дека на 13 мај ќе се одржи работилница за академско пишување во Библиотеката за македонски јазик во 13 ч.
Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со вештини и поткованост преку неформални предавања.
Доколку сте студент на додипломски студии и сте заинтересирани да присуствувате на оваа работилница, испратете ни ги следните податоци на kakosimi.flf@gmail.com: Име и презиме, година на студирање, катедра и факултет.