Почитувани,
Ве покануваме на информативна средба за можностите за вмрежување преку платформата еТвининг за идни наставници, на 24 декември (вторник) во 13:00 часот во Салата за седници, со Маја Јошевска-Петрушевска, ИТЕ Амбасадор за идни наставници при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Платформата еТвининг е намената за наставници од високото образование кои предаваат на/обучуваат студенти – идни наставници. Некои од придобивките од воведување на еТвининг во образованието на идните наставници се: откривање и примена на проектна настава, развој на дигитални вештини, европски и интеркултурни искуства, како и развој на професионални вештини.
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факултет