Студентска работилница за обработка на архивски материјали

На 9.3.2026 г. во Архивот на МАНУ се одржа студентска работилница за обработка на архивски материјали. Студентите имаа можност да се запознаат со Архивот, со некои од неговите најважни фондови и да опишат неколку архивски единици од фондот „Блаже Конески“. Работилницата е дел од активностите на проектот „Виртуелен музеј Конески“.