Состанок на координаторите на CEEPUS мрежата „Slavic Philology and its Cultural Contexts“ во Охрид

Од 1 до 3 јули 2026 година во Охрид се одржа состанок на координаторите на CEEPUS мрежата Slavic Philology and its Cultural Contexts во која членува и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На состанокот учествуваа 15 координатори од универзитетите-партнери во мрежата. Во текот на работните сесии беа разгледани досегашните резултати од функционирањето на мрежата, реализацијата на академската мобилност, како и можностите за нејзино понатамошно унапредување и проширување.
Особено значајно беше присуството на координаторите од универзитетите што ќе се приклучат на мрежата во академската 2026/2027 година. Состанокот претставуваше одлична можност тие непосредно да се запознаат со принципите на функционирање на CEEPUS програмата, организацијата на мрежата и добрите практики во реализацијата на академската соработка и мобилност.
Средбата уште еднаш ја потврди важноста на меѓународната соработка меѓу славистичките центри и придонесе за зацврстување на партнерствата и планирање на идните заеднички активности во рамките на мрежата.