Известување за доставување на пријавите и индексите за јунската испитна сесија 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ И ИНДЕКСИТЕ ЗА ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2021

1. Доставување пријави
Од 19 до 31 мај 2021 година во периодот од 8.30 часот до 14.30 часот студентите се должни индексот со пополнети пријави за јунската испитна сесија за сите испити кои ги пријавиле, да ги остават во кутиите пред Одделението за студентски прашања.
Пријавите ги оставате во кутијата обележана според студиската програма на која студирате.

Референтите во Одделението ги заверуваат пријавите, ги распределуваат индексите со пријавите според припадноста на студентите по катедри и ги доставуваат до библиотеките со список.

2. Внесување оцени во iKnow системот
По одржувањето на испитот, професорот е должен да ги внесе оценките во iKnow системот.

3. Пополнување на пријавите и внесување оценки во пријава и во индекс
По внесувањето на оценките, библиотекарите по список се должни индексите да ги достават до соодветниот референт во Одделението за студентски прашања.
Референтите се должни да ги известат студентите да си ги подигнат индексите.