Летна школа „Словенечкиот јазик и словенските јазици на прв поглед“ (24.08. – 04.09.2026)

Со задоволство ве известувамe дека во периодот од 24 август 2026 до 4 септември 2026 година ќе се одржи Летната школа „Словенечкиот јазик и словенските јазици на прв поглед“. Летната школа ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Марибор и е наменета за странски студентки и студенти од партнерските институции на мрежата CEEPUS Slavic Philology and Its Cultural Context.

Програмата на летната школа опфаќа лекторски вежби и конверзација по словенечки јазик, предавања и работилници од областа на словенечкиот јазик и книжевноста, како и од други словенски јазици. За збогатување на престојот се предвидени и попладневни и вечерни активности (екскурзија низ Марибор, посета на библиотеки и галерии, еднодневна екскурзија и сл.). Организаторот ги покрива трошоците за наставата, како и сместувањето со појадок и ручек.

Летната школа е наменета за македонисти и славистиа пријавувањето трае до 20 март 2026 година.

За пријавување потребно е да ги испратите следните податоци на адресата: biljana.mirchevska@flf.ukim.edu.mk.

  • име и презиме

  • ниво на студии (додипломски/постдипломски)

  • катедра

  • е-пошта

  • ниво на познавање на словенечкиот јазик (од A1 до C2)

Ве молам во оваа фаза на пријавување предност да им дадете на студентките и студентите кои досега не учествувале на летната школа. Непополнетите места во втората фаза ќе бидат прераспределени на други партнерски институции, па затоа е можно да се појават и дополнителни места.