Проект „Виртуелен музеј Конески“: посета на Институтот за српски јазик и на Аудиовизуелниот архив и центар за дигитализација на САНУ

Од 19 до 21 ноември 2025 г. учесниците во проектот „Виртуелен музеј Конески“ ги посетија Институтот за српски јазик и Аудиовизуелниот архив и центар за дигитализација на САНУ во Белград. На средбите со директорката на ИСЈ Софија Милорадовиќ и раководителот на Аудиовизуелниот архив на САНУ акад. Александар Костиќ и со нивните колеги беа разменети искуства од областа на дигитализацијата и беше разговарано за идни соработки во рамки на овој и на идни проекти. Беше остварена, исто така, средба со Елеонора Конеска, ќерката на Блаже Конески. Деканот Мартиновски имаше средба и со Амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија Никола Тупанчески.