Посета од Универзитетот Ориентале во Неапол

На 12 март 2025 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје гостуваше делегација од Универзитетот „Ориентале“ во Неапол. Во рамки на посетата, проф. д-р Роберто Тотоли, ректор на Универзитетот „Ориенатале“ во Неапол, и проф. д-р Франческа Белино одржаа предавања за студентите и за наставниците на Филолошкиот факултет. Настанот беше отворен од проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет, и од Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Република Италија. Делегацијата, во чиј состав беше и проф. Блерина Сута, имаше средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Билјана Ангелова, на која се дискутираше за повторно отворање на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Неапол, како и за други форми на соработка. Делегацијата ја посети и Народната и универзитетска библотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде имаше можност да погледне неколку примероци од ориенталната збирка на библиотеката. Посетата на делегацијата беше организирана од проф. д-р Ваљбона Тоска и од проф. д-р Руска Ивановска-Наскова.