Преведувачка работилница „Превод на литература за деца и млади – предизвици, замки и слатки маки“

Преведувачка работилница „Превод на литература за деца и млади – предизвици, замки и  слатки маки“
 
Работилницата ќе се одржи на 03.12.2025 (среда) во 14.00 часот во А3. Работилницата е организирана од издавачката куќа „Чудна шума“, под менторство на професорите Милан Дамјаноски и Калина Малеска. За преводот на литература за деца и млади искуства ќе споделат и писателката, преведувачка и главен уредник во „Чудна шума“, Билјана Црвенковска, и преведувачот, писател и новинар Васко Марковски. Ќе се разговара и за можностите за соработка на млади преведувачи со издавачките куќи, како и начините како да се гради преведувачко портфолио. 
Повелете, со задоволство ве очекуваме!