Во рамките на проектот „Лексикографската дејност како интегрален дел од филолошките
науки“ на 1.12. 2025 година се одржа работна посета на Институтот за хрватски јазик во
Загреб, кој е институција со високо реноме и активност во лексикографската дејност.
Колешките научни советници: Лана Худечек, Барбара Ковачевиќ, Горанка Благус
Бартолец и Марјана Хорват ни претставија неколку проекти на кои работат (Мрежник,
Ретрограм и др.), како и печатени изданија. По презентациите се разви исклучително
корисна дискусија за лексикографската дејност опто, но и за нашите планирани речници.


