Минатата недела, истражувачкиот тим на проектот „Лексикографската дејност како интегрален дел на филолошките науки“ реализира работна посета на Институтот за словенечки јазик „Франц Рамовш“ во Љубљана.
Членовите на истражувачкиот тим остварија конструктивни средби со директорот проф. д-р Козма Ахачич, со заменик-директорот и раководител на Одделот за лексикологија проф. д-р Јанош Јежовник, како и со проф. д-р Наташа Јакоп и бројни колеги и соработници од истиот оддел.
Во рамки на посетата беа реализирани и средби со истражувачи од други оддели, како и со деканот на постдипломската школа, во чија програма се вклучени областите лексикологија, терминологија и зборообразување.
Овие средби се од исклучителна важност за тековната фаза на проектот, имајќи го предвид богатото искуство и значајните научни достигнувања на колегите од Словенија, како и можностите за понатамошно продлабочување на соработката.
