На 20.4.2026 г. во Јуроп Хаус (Europe House) Скопје, се одржа третото издание на средбите со алумни „Од амфитеатар до професија“ во организација на Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје и Франкофонскиот центар за вработливост при УКИМ. Средбата беше посветена на темата „Толкување“. Говорничките Ана Василева, Христина Лавуровска и Наташа Колеќевска-Георгиевска, три толкувачки акредитирани од ЕУ, зборуваа за предизвиците на професијата, споделија искуства и дадоа практични совети. Модераторка на настанот беше проф. д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска, која истовремено ги претстави и магистерските студии по Конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На настанот се вклучи и Овен Вард, претставник на Директоратот за толкување при Европска комисија и важен соработник на магистерските студии по Конференциско толкување.
Голема благодарност до Јуроп Хаус за соработката, до публиката и до студентките Вероника Павловска, Марија Николовска и Ивана Јаковова кои го толкуваа целиот настан.

