Посета на делегација од Центарот за арапски јазик

На 6 Јули 2026 година Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го посети делегација од Абу Даби Центарот за арапски јазик, предводена од Директорот, д-р Али Бин Тамим. 
Целта на состанокот беше разгледување на можностите за соработка во доменот на образованието и разгледување на перспективите арапскиот јазик 
да се предава на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.  
Средбата беше организирана од МНР, а по иницијатива на Амбасадорот на РС Македонија во ОАЕ, неговата екселенција Абдулкадар Мемеди, кој даде низа предлози за академска соработка.