I. ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР во акад. 2021/2022 г.
Запишувањето на семестарот за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 20.9.2021 до 23.9.2021 г., со следниве документи:
– Индекс
– Образец за упис и заверување семестар
– Уплата на рата
Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески”-Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4
Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема/заштитна маска.