Почитувани студенти,
Средбата закажана за 7.12.2022 (среда) во 12.30 во А3 се откажува поради протестите. Планираме да ја одржиме на почетокот на наредниот семестар. Во меѓувреме, продолжуваме да размислуваме и разговараме на темата како заедно до подобри услови за студирање.
Со почит,
Студентите и наставниците вклучени во проектот Градиме нови простори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

 

Почитувани студенти,

Ве покануваме на отворениот настан кој ќе се одржи на 7.12.2022 (среда) во 12:30 часот во Амфитеатар 3. Станува збор за проектот Градиме нови простори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во кој учествуваат студентите и наставниците на Факултетот. На средбата ќе разговараме за проблемите со кои се соочуваат студентите и ќе размениме идеи за тоа како може сите заедно да придонесеме да се подобрат условите во кои студираме.

Ќе ни биде мило да ни се придружите.

Поздрав,

Студентите-учесници во Проектот