Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, и оваа година ја организира традиционалната манифестација „Денови на македонската литература“.

 

Првиот настан во рамките на манифестацијата ќе се одржи на 25 април 2023 година (вторник), со почеток во 11 часот, во Салата за состаноци на Факултетот.

 

Книжевен портрет на акад. Влада Урошевиќ

 

Добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година

и на наградата „Роман на годината“ за 2022 година

 

Поздравна реч на настанот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и култура, а беседа за опусот на Урошевиќ ќе одржи проф. д-р Владимир Мартиновски, раководител на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

 

Во рамките на настанот ќе се одржи и поетско читање на акад. Урошевиќ, по што ќе следи книжевен разговор со него.

 

Модератор на настанот ќе биде асс. м-р Иван Антоновски од Катедрата за македонска книжевност и култура.