Известување за доставување на пријавите и индексите за септемвриската испитна сесија 2021

Известување за доставување на пријавите и индексите за септемвриската испитна сесија 2021

1. Доставување пријави
Од 16 до 20 август 2021 година во периодот од 8.30 часот до 14.30 часот студентите се должни индексот со пополнети пријави за септемвриската испитна сесија за сите испити кои ги пријавиле, да ги остават во кутиите пред Одделението за студентски прашања.
Пријавите ги оставате во кутијата обележана според студиската програма на која студирате.
Референтите во Одделението ги заверуваат пријавите, ги распределуваат индексите со пријавите според припадноста на студентите по катедри и ги доставуваат до библиотеките со список.

2. Термини по декади
Во оваа испитна сесија за сите предмети се определени термини за полагање и во првата и во втората декада.
Студентот има право да се јави на испит само на еден од понудените термини во двете декада.
Студентот е должен во горниот десен агол на пријавата да наведе во која декада ќе го полага предметот.

3. Внесување оцени во iKnow системот
По одржувањето на испитот, професорот е должен да ги внесе оценките во iKnow-системот.

4. Пополнување на пријавите и внесување оценки во пријава и во индекс
По внесувањето на оценките, библиотекарите по список се должни индексите да ги достават до соодветниот референт во Одделението за студентски прашања.
Референтите се должни да ги известат студентите да си ги подигнат индексите.