ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК

I. ОСНОВ
Правото на субвенциониран студентски оброк се остварува согласно Законот за субвенциониран студентски оброк (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 31/20 и 150/21) и Правилникот за формата и содржината на изјавата за точност на внесените податоци и за формата, содржината и образецот на пријавата за стекнување со правото на субвенциониран студентски оброк (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 299/20).

II. УСЛОВИ
Корисници на субвенциониран студентски оброк се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, државјани на Република Северна Македонија, кои:
а) не се во редовен работен однос;
б) не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
в) немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година

III. ПРИЈАВУВАЊЕ И НАДЛЕЖНОСТИ
На својата веб-страница Министерството објавува јавен повик во кој се наведени условите и роковите за пријавување за субвенциониран студентски оброк. Имено, рокот за пријавување по јавниот повик за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.

Редовните студенти се пријавуваат електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk