Драги Какосимист(к)и,

Тимот на студентската филолошка конференција „Како си ми?“ за објавува отворен повик за пријавување на нови членови и зајакнување на своите капацитети. Очекуваме новите членови да земат учество во организацијата на конференцијата, како и во подготовка на годишниот зборник и останатите активности својствени за научноистражувачката работа со која се занимаваме. Се надеваме дека тие активно и со нови сили ќе ја продолжат нашата идеја под наше менторство и по пат ќе стекнат нови пријателства и знаења што ќе ги прошират нивните хоризонти.

Минатата година „Како си ми?“ одбележа шест години од своето постоење и од оваа година ги проширува своите активности со организација на работилници за академско пишување и слични активности, што значи дека тимот продолжува да се води по принципот „од студентите за студентите“.

За да се пријавите да станете дел од тимот мора да сте на додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, без разлика од која катедра доаѓате. Треба да сте комуникативни, трпеливи, ентузијастични и посветени на она што го студирате.

За пријавувањето потребно е да ни испратите мејл на: kakosimi.flf@gmail.com, при што ќе ги наведете следните информации: име, презиме, телефонски број, електронска адреса, година на студии и име на катедра.

Ги очекуваме вашите пријави најдоцна до 15 мај 2021 година. Пријавените кандидати ќе бидат контактирани за договор за заедничка средба.