Почитувани студенти бруцоши,

Со чест и задоволство ве покануваме на вашиот прв академски час, со кој свечено ќе го одбележиме почетокот на вашите студии.
Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври со почеток во 11 часот во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. По заедничката средба, секоја група ќе се упати кон збирното место на соодветната Катедра, каде што ќе ви бидат доделени индексите, а ќе имате можност да се запознаете со професорите и со вашите идни колеги и да се информирате за програмата, терминот и распоредот на часови.
Ве молиме задолжително да носите лична заштитна опрема (маски)!
Ви посакуваме среќен почеток и успех во студиите!

Срдечно,
Деканат на Филолошкиот факултет