Почитувани студенти, 


На 29 март (петок) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе гостува 

м-р Дарко Петровски 

со предавање на тема „Како до развој на професионални вештини?”


КАКО ДО РАЗВОЈ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ?

(цел и резиме)


Предавањето е наменето за студенти кои се наоѓаат во процесот на високо образование, пред започнување на професионална кариера и сите оние што се подготвуваат да се вклучат и сакаат да се подготват за активна работа кај работодавач. Целта е тие да се стекнат со почетни информации и воведување во важноста од поседувањето на професионални (деловни) вештини во процесот на започнување и градење на кариера.

Ова предавање ќе опфати запознавање на слушателите со најважните професионални вештини, кои ќе им помогнат на сите на почетокот на кариерата да се ориентираат и да си обезбедат полесно вклучување во процесот на работа и вклопување во работната околина, како предуслов за напредок и градење на успешна кариера.

Во текот на предавањето ќе бидат опфатени следните прашања:

–        Што се професионални вештини?

–        Колку и какви професионални вештини постојат?

–        Кои професионални вештини се основни и потребни во секоја работна околина?

–        Кои професионалните вештини да ги развивам кај себе, зависно од животните цели?

–        Колку сум подготвен/а за успешна кариера?

Терминолошки се разграничуваат поимите знаење, вештина, однесување, квалификации, компетенции и се идентификуваат практични вештини за комуникација, тимска работа, лидерство, презентирање, јавен настап, справување со конфликтите, критично размислување и слично. Учесниците по предавањето ги препознаваат клучните термини и зборови кои не можат да се заобиколат и ја имаат пред себе големата слика, во која сите можат да се проектираат и да ја согледаат својата сегашна положба и процесите низ кои ќе се движат и понесуваат различни совети кои им помагаат на патот до професионалниот успех.

Вештини кои се развиваат преку ова предавање се: ориентираност кон акција, насоченост кон резултати, креативност, навремено донесување одлуки и квалитет на одлуките, етички вредности, интерсперсонални и комуникациски вештини, активно слушање, планирање, упорност, учење за себе, поставување приоритети, личен развој, самоспознавање, лична одговорност, управување со визијата и целта.