Пријавување на испити за сесијата август-септември 2020

Испитна сесија
Прва декада: 24.8. – 4.9.2020
Втора декада: 7.9. – 18.9.2020
29.7. – 17.8.2020 до 23:59 ч. – електронско пријавување на испити во iKnow-системот
Од 18.8.2020 – казнен рок за пријавување*

Право на пријавување и полагање испити во испитната сесија август-септември имаат само студентите кои последно го имаат запишано летниот семестар за учебната 2019/2020 година.
Студент што полагал испит без запишан летен семестар во учебната 2019/2020 година подлежи на дисциплинска одоговорност и исптитот ќе му биде поништен во дисциплинска постапка.
Оваа сесија нема да се зема печат на пријавите за предметите кои се пријавени преку интернет.

ВАЖНО: За оваа сесија студентите се должни со индексот да ги достават пријавите за испити и за јунската и за августовската сесија заради впишување оценки во индекс и пријава.
За протоколот доставување на пријавите, индексот и за внесување на оценките ќе ве известиме дополнително.

Студентите што нема да пријават во предвидениот рок немаат право на учество во испитната сесија, освен со посебно овластување од студентската служба.
*Во казнениот рок пријавувањето на испитите чини 400 денари по пријава, на ПП50 уплатница и истите ги приложувате во студентската служба

ВО СЛУЧАЈ НА ПРОБЛЕМИ ПРИ ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ПИШЕТЕ НА: ekts.sluzba@gmail.com

НАПОМЕНА: Пријавите за испит НЕ подлежат на административна такса.
ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД ПРИЈАВУВАЊЕТО ДА ГИ РЕГУЛИРАТЕ ФИНАНСИСКИТЕ ОБВРСКИ КОН ФАКУЛТЕТОТ

ВАЖНО: Студентите запишани во академската 2012/2013 година должни се да ги завршат своите обврски во согласност со студиската програма до 30.9.2020 г., односно заклучно со третата испитна сесија.