You are currently viewing Испит по македонски јазик за странски студенти – ТЕМАК | ЦЕТИС МАК | CETIS MAK

Испит по македонски јазик за странски студенти – ТЕМАК | ЦЕТИС МАК | CETIS MAK

Испитот по македонски јазик за странски студенти што планираат да се запишат на студии на УКИМ, а не ги слушале двата курса по македонски јазик во огранизација на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во последната учебна година, е закажан за 31 август 2020 (понеделник) во 10 часот. Сите студенти, со документ за лична идентификација и со оригиналните пријава и уплатница (за уплатени 80 евра во денарска противвредност) треба да бидат во аулата на факултетот во 9:45 часот. Претходно, пријавата и уплатницата, скенирани, треба да ги испратат на електронската адреса s.sazdov@yahoo.com најдоцна до 25 август 2020.
Забелешка: пријавата и урнек за уплатница може да се симнат на следнава врска: https://flf.ukim.mk/cetis-mak-mk/ во делот „За Темак“