На 28 март 2024 г., се одржа работилница за креативно пишување анимирана од м-р Анита Кузманоска на која ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје составија инспиративни поетски текстови со употреба на определени граматички структури.

На 29 март 2024 година, се одржа работилница за хаику-поезија анимирана од проф. д-р Владимир Мартиновски на која ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје ги открија тајните на создавањето на хаику-поезијата и составија извонредни хаику-песни на македонски и на француски јазик.