Почитувани,
 
Во iKnow-системот, од денес, постои можност за онлајн плаќање со картички.
Плаќањето е активно во вашиот iKnow-профил во табовите „Предмети“ и „Документи“.
 
Упатство:
Во табот „Предмети“, по бирањето и запишувањето на предметите, притиснете на копчето Плати онлајн“.
Во прозорецот „Известување“ се појавува информацијата: „Ќе ве пренасочиме до системот за онлајн плаќање.
Дали сте сигурни дека сакате да продолжите со онлајн плаќање на ХХХ денари?
За да продолжите со плаќањето, притиснете на копчето „Да“, внесете ги податоците за платежната картичка, и притиснете на копчето „Продолжи“.
 
Во табот „Документи“, притиснете на „Изберете документ“, изберете го документот и притиснете на копчето „Внеси“
Избраниот документ се појавува во табелата. За плаќање притиснете на копчето „Плати онлајн“.