Славистички студии бр. 21

Почитувани,
Со задоволство ве известуваме дека излезе од печат новото издание на списанието „Славистички студии“ број 21, посветено на л-р Таисија Попспирова по повод 80-годишнината од нејзиното раѓање. Изданието покрај биографијата и библиографијата на л-р Таисија Попспирова, содржи 30 трудови од областа на лингвистиката, литературата, преводот и културата, меѓу кои и повеќе трудови на млади слависти. За првпат сите трудови во овој број беа подложени на двојна рецензија.