Ни преставува огромно задоволство да ги најавиме Студентските вечери на поезијата кои се реализација на соработката помеѓу УСС и ФСС на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Ги покануваме сите љубители на позијата и литературата, како и сите останати на 20 мај, оваа сабота во 18ч во Аула на Филолошки факултет. Покрај петнаесетмината поети во чија што поезија ќе може да уживате, следува и мини-работилница со нашите професори Калина Малеска и Владимир Мартиновски.