Почитувани професори и студенти,
Факултетското студентско собрание на Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје во соработка со Македонски Каритас со задоволство Ве покануваат да учествувате на нашата претстојна хуманитарна акција за донација на облека и обувки. Оваа акција има за цел да помогне на оние на кои им е најпотребно во нашата заедница.
Датум: 31. мај (петок)
Време: од 11:00 до 16:00 часот
Локација: Летниковци на општествено-хуманистичкиот кампус
Вашите великодушни донации на облека што повеќе не ги користите ќе направат значителна разлика. Ги охрабруваме сите да донесат облека и обувки што веќе не им се потребни и да помогнат да направиме промена.
Ви благодариме за Вашата поддршка и Ве очекуваме.