Јапонската фондација во Будимпешта – Јасухиро Јашима 

На 13.11.2024г., лекторот од Јапонската фондација во Будимпешта – Јасухиро Јашима одржа две предавања во салата за седници. На првото предавање тој направи преглед на спецификите на јапонскиот јазик и посочи на корисни е-содржини од Јапонската фондација што можат да се користат за изучување на јазикот. На второто предавање лекторот зборуваше за знаменитостите на Јапонија, нејзината храна, култура и традиција. Второто предавање заврши со изработка на оригами во форма на жерав, кој е јапонски симбол за мир, среќа и долговечност. На настанот присуствуваа студентите што го изучуваат јапонскиот јазик, како и многу други студенти-јапонофили кои имаат интерес за јазикот и културата на оваа земја.