Ве покануваме да учествувате на дводневната работилница под наслов: Пропагандата во Третиот Рајх, која ќе се одржи на 27-ми и 28-ми февруари 2023 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работилницата ќе ја води проф. д-р Ирина Талевска и ќе биде посветена на пропагандните стратегии во времето на нацистичка Германија како и основните медиуми за нејзино ширење. Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со основни познавања на механизмите на пропагандата и нејзиното управување со (дез)информациите.
Работилницата е наменета за сите заинтересирани студенти на Филолошкиот факултет и е дел од проектот за Медиумска писменост, спроведен во соработка со USAID.
Бројот на учесници е ограничен. Заинтересираните студенти да се пријават на irinatalevska@flf.ukim.edu.mk